Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност и температура до 27. степени

Охрид, 20. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец.

UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 27. степени.

– Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно и топло време, а само утре и во четврток ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд во планинските подрачја. За време на викендот се очекува локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука