Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Во планинарскиот дом „Троуглеш“ се одржа младински планинарски едукативен камп (Фото)

Охрид, 20. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во планинарскиот дом „Троуглеш“ виекндов се одржа дводневен младински планинарски едукативен камп на Здружението на планинари „Великамен“, предводени од водичите Христијан Ламбевски и Бобан Блажески, под менторство на Ирена Диков при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), со многу возбудлива програма.

На двете планинарски акции до домот Троуглеш на 17-ти и од домот до селото Елшани преку Студино на 18-ти јуни 2023 година, учесниците беа придружувани од Црвен Крст Охрид.

– Младите научија за движење и однесување на планина, за планинарска опрема, однесување во планинарски дом, за Националниот Парк Галичица, за растителниот и животинскиот свет во паркот, движење во група и почитување на поединецот. Голема чест ни направи учеството на „Пирустија Неданоски“ со работилница за подготовка на македонска традиционална храна, истакнуваат од Здружението на планинари „Великамен“.

извор: ОхридПрес/Павел Донески фото: Павел Донески

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука