Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Жена исчезнала синоќа додека берела печурки во охридско, пронајдена утрово

Охрид, 20. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека едно лице од селото Горно Средорече се изгубило од синоќа во 20:40 часот, по што по него е организирана потрага.

По целовечерна, тимски комбинирана, потрага во раните утрински часови изгубеното лице е пронајдено во добра здравствена состојба. Сопругот, кој го пријавил исчезнувањето, информирал дека биле заедно да собираат печурки на различни локации низ шума. Кога требало да се сретнат на договореното место, кај нивниот автомобил, лицето не се појавило.

Во потрага по исчезнатото лице била вклучена и единицата за спасување на планина со куче за обучено за пребарување, екипа на полицијата од СВР Охрид, како и мештани од селото, и роднини на исчезнатото лице. Потрагата траела за дел од трагачите до еден часот по полноќ, дел од мештаните и роднините останале на терен.

Рано утрово, околу 05.00 часот сите екипи излегле на терен, по што за кратко време изгубеното лице било пронајдено. (Крај)

извор: ЦУК Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука