Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

И ова лето најмладите ќе навлегуваат во тајните на пливањето со „Летната пливачка школа 2023“ на „Акваспирит“

Охрид, 21. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од Пливачкиот клуб „Акваспирит“ од Охрид информираат дека и оваа година најмладите охриѓанчиња ќе имаат можност да навлезат во тајните на пливањето во рамките на Летната пливачка школа.

Истата започнува со работа во понеделник, на 3-ти јули 2023 година на Градскиот пливачки базен „Атина Бојаџи“ во Охрид.

– Термините ќе бидат дополнително дефинирани во зависност од бројот на пријавени деца.Часови ќе има и предпладне и попладне. Цената за цело лето, до крај на август изнесува 3.000 денари. Доколку во школата членуваат две или повеќе деца од исто семејство следува попуст. Следуваат многу натпревари и изненадувања. Овозможете му на Вашето дете да биде дел од најдобриот пливачки колектив во градот. Ве очекуваме, потенцираат од „Акваспринт“.

За дополнителни информации сите заинтересирани дополнителни информации можат да добијат на телефоните 077/703-686 (Славчо) и 078/355-291 (Миле). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука