Струга, 22. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 39-годишниот Е.А. од Ресен поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „прикажување порнографски материјал на дете“.
– Тој, на 19-ти март 2023 година, на повеќе малолетници на 11-годишна возраст од Струга, преку видео повик на апликацијата Viber, им покажувал недолични содржини, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 18