Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска истекува рокот за отстранување на кајчињата од „Сараиште“ и Пештани

Охрид, 23. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид ги повикува сопствениците на пловни објекти (кајчиња) кои се лоцирани на крајбрежниот појас на локалитетот „Сараиште“ и во селото Пештани, истите да ги отстранат, најдоцна до денеска, петок, 23-ти јуни.

– Во спротивно од сабота, 24-ти јуни 2023 година, Општина Охрид и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците. Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во овој дел од градот, со цел непречено користење од страна на жителите и туристите, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука