Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Макфакс: Поради невремето авион не може да слета на аеродромот во Охрид, повеќе од пет круга кружи над градот

Охрид, 24. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Авион од компанијата WizzAir кој патуваше од Малме, Шведска, не може да слета на охридскиот аеродром.

Причината е силното невреме кое го погоди градот. Авионот кружеше околу границата Албанија-Македонија, потоа и над Струга, јави Макфакс.

Имаше и обид за слетување, но наместо тоа, пилотот помина само преку аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Авионот направи круг и над селата Оровник, Горенци, Требеништа, Мислешево. Бидејќи немаше услови да слета, го надлетуваше и Охридското Езеро.

Планирано време за слетување беше во 11:00 часот. (Крај)

извор: Макфакс фото: Макфакс/Skopje 1

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука