Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

31-та Конвенција на ICARUS ќе се одржи во ноември во Скопје и Охрид

Скопје, 24. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На дводневниот состанок на Меѓународниот центар за архивско истражување – ICARUS, со седиште во Виена, е донесена одлука 31-та Конвенција, што се организира двапати годишно, да се одржи на 8, 9 и 10 ноември во Скопје и Охрид.

– На Генералното собрание, меѓу другото, се расправаше и за целите и перспективите на оваа значајна организација во областа на архивистиката, како и за придобивките и очекувањата за подобрување на нејзиното функционирање во иднина. На ова Собрание на ICARUS, што се одржа во Клајн Маријацел, во близина на Виена, стана збор и за начините за популаризација на историјата и на архивистиката, заради подобра грижа за историјата и минатото и зачувување на заедничкото архивско наследство и богатство. Во рамките на Генералното собрание на ICARUS, е промовирана и книгата: ,,Архивите и архивското истражување во дигиталната ера“, приредена од професорите, Жарко Вујошевиќ и Небојша Порчиќ, информираат од Државниот архив на Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука