Избор Култура Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Со изложба на фотографии и фолклорен концерт во Охрид се одбележа Денот на Балканските Египќани

Охрид, 24. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридските Египќани денеска го одбележуваат 24-ти јуни, Денот на Балканските Египќани.

Празникот се одбележува со изложба на фотографии кои ја презентираат историјата на Египќаните на Балканскиот полуостров и фолклорен концерт.

Во присуство на бројни посетители, изложбата беше отворена денеска во Домот на култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Настанот се одржа и покрај проблемите кои беа предизвикани од невремето, кое го погоди денеска Охрид и ја поплави салата во која требаше да биде поставена изложбата. Лошите временски услоги го оневозможија и вториот дел од програмата со концерт на КУД „Пирамида“ на отворено, па од тие причини, концертот се одржа во истата просторија.

Претходно денеска, градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков оствари средба со претставниците на египќаните, меѓу кои присуствуваше и Елберт Красниќи, министер за локална самоуправа во Косово.

Градоначалникот Пецаков, истакна дека како локална самоуправа, Охрид има преземено многу работи, со кои недвосмислено се покажува дека нашите сограѓани египќани, се нераскинлив дел од заедничкото живеење во Охрид, со сите други етнички заедници.

– Верувам дека и како држава ќе продолжиме да ги унапредуваме правата на египќаните во заедничкиот дом – Македонија, за заедно да градиме просперитетна заедница за сите граѓани, истакна Пецаков.

Според здруженијата на египѓаните од Албанија и Косово, нивниот број е далеку поголем од официјалните пописни резултати во овие земји. Па така, во моментв во Косово живеат околу 20 илјади, а во Албанија над 200 илјади египќани. Претставниците на оваа заедница во Косово имаат едно загарантирано пратеничко место во Косовскиот парламент, а во Албанија во моментов се во фаза на формирање на политичка партија.

Oвој ден се прославува, затоа што на 24-ти јуни 1990 година во Охрид се одржа Основачкото собрание на Здружението на Египќаните во СФР Југославија. Со тоа започна и процесот на организирање на припадниците на оваа заедница на Балканот во општествено-политички организации, заради барање и реализација на нивните права. За прв претседател на беше избран Назми Арифи.

Повеќе за оваа заедница во Охрид и Струга ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука