Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Општина Охрид со информација до граѓаните за пријавување на штети од невремето

Охрид, 24. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од Општина Охрид ги информираат жителите на општината дека настанатите штети од невремето може да ги пријават до петок, 30-ти јуни 2023 година.

– Барањата за пријава на штети се подигаат во архивата на Општина Охрид, а кон барањето задолжително се приложува имотен лист и лична карта. Настанати штети може да се пријават само за недвижен имот и за земјоделски култури, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука