Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Тренери од ГКК „Охрид“ на семинар во Белград, ќе стекнуваат знаења од звучни кошаркарски имиња

Белград/Охрид, 24. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Тренерите на Градскиот кошаркарски клуб „Охрид“ денеска и утре, втора година по ред, во Белград го посетуваат еден од најголемите семинари во Европа за надоградување на тренерското знаење кое ќе допринеси за подобра работа во нашиот клуб.

– На кошаркарската клиника под име „Душан Ивковиќ – Дуда“ предаваат звучни имиња, меѓу кои и Жељко Обрадовиќ од КК „Партизан“, Винсент Колет од Националниот тим на Франција и BC Metropolitans 92, Гордон Херберт од Националниот тим на Германија и Двејн Кејзи, НБА тренер на Детроит Пистонс, информираат од ГКК „Охрид“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука