Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Пецаков: Најпогодени се домови во населбата „Видобишта“, сите граѓани кои имаат штети да ги пријават до ЦУК на телефонот 112

Охрид, 24. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Веднаш по завршувањето на состанокот на кризниот штаб при Општина Охрид, комисијата за проценка на штети излезе на терен.

– Во моментов се врши проценка каде што имаме сознанија дека се најголеми штетите, односно каде што има големи оштетувања на домовите. Најпогодени се домовите во населбата „Видобишта“ каде на поголем број куќи им се оштетени покривите и е дојдено до поплавување. Се постапува и по пријавите за штети кои што се пристигнати и до Територијалната противпожарна единица и јавните претпријатија. Веднаш на терен излегува екипа и врши проценка дали станува збор за поплави и врши достава на пумпи или е за нешто друго, информира градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.

Тој додава дека сите екипи се постојано на терен и работат на санација на оштетувањата кои се во голем обем.

– Сите граѓани кои имаат штети треба да ги пријават до Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 112, додава градоначалникот Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука