Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охрид домаќин на третото издание на Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен 2023”

Охрид, 24. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со учество на 24 клубови и околу 200 учесници од Македонија, Чешка, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија, денеска во спортската сала „Билјанини извори“ се одржа третиот Меѓународен таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен 2023“, во организација на клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лескоец.

Таеквондото е вековна боречка вештина која со своите правила и техники е вистински психички и физички предизвик, па затоа на сите натпреварувачи им честитам за нивната посветеност и ентузијазам да бидат истрајни во сите борбени подвизи, порача пред спортистите во поздравното обраќање градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.

– Оваа можност би сакал да ја искористам и да истакнам дека сум особено горд што Охрид веќе има неколку истакнати имиња кои на наша голема радост имаат остварено врвни резултати во оваа боречка дисциплина. Помеѓу нив е и европската златна титула на младата Христијана Парулеска која ја прославивме пред два месеци. Верувам дека во подем се и нови генерации на успешни таеквондисти, од кои во иднина очекуваме уште поголеми достигнувања. Се надевам, дека овој спортски настан ќе продолжи да се одржува и во иднина, со уште поголем број на учесници и дека значително ќе придонесе за промоција на потенцијалите за развој на спортскиот туризам во Охрид. Ви посакувам успешни натпревари и одлични резултати, како и многу нови пријателства. До сите гости упатувам покана да го искористат својот престој тука, за да уживаат во убавините на нашиот туристички бисер Охрид, исткана Пецаков.

Натпреварот беше организиран според сите највисоки светски ИТФ стандарди, дата база и електронско судење. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука