Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Изминатите 9 часа во Охрид наврнаа 36 литри дожд на метар квадратен

Охрид, 17. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), во текот на изминатите 9 часа во Охрид се измерени 36 литри на метар квадратен.

Во Берово наврнаа неверојатни 57 литри, а според УХМР дадените вредности за количината врнежи се измерени на нивните дождомерни места. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Во Охрид денес попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 28. степени.

– Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 км/ч) и појава на град. Дневната температура ќе опадне за неколку степени. Потоа во текот на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време, а само на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука