Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Бројни признанија за таеквондистите од клубот „Хваранг Фист“ на турнирот „Охрид Опен 2023“

Охрид, 25. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Таеквондистите од клубот „Хваранг Фист“ од Охрид, освоија бројни признанија третиот турнир во традиционално таеквондо „Охрид Опен 2023“, кој вчера се одржа во Охрид.

Учество на турнирот зедоа клубови од земјите во регионот, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Албанија, Хрватска и Македонија, а охридски „Хваранг Фист“ настапи со девет натпреварувачи  во две дисциплини, борби и форми (борба со замислен противник).

Резултати:

1. Дамјан Јовчески – прво место форми пионери (8-9 години),
2. Емилија Целеска – второ место форми пионери (10-11 години), прво место борби пионери (10-11 години) +40 килограми,
3. Јована Јовческа – второ место форми пионери (12-13 години),
4. Петар Петкоски – прво место форми пионери (12-13 години), прво место борби пионери (12-13 години) до 35 килограми,
5. Ѓорѓи Петкоски – второ место форми пионери (12-13 години), прво место борби пионери (12-13 години) до 40 килограми,
6. Ненад Целески – прво место форми јуниори (14-15 години), прво место борби јуниори (14-15 години) +70 килограми,
7. Мартин Јанкулоски – трето место форми јуниори (14-15 години),
8. Ахмед Синан – учество и
9. Давид Јанкулоски – учество.

Покрај овие успеси на турнирот, нашите Петар Петкоски и Емилија Целеска беа прогласени за најдобари во пионерска категорија.

Од клубот испраќаат честитки до сите натпреварувачи за храброста и пожртвуваноста во текот на подготовките и на самиот натпревар, имајќи во предвид дека во мај учествуваа на пет големи натпреварувања. И покрај напорниот период, тие смогнаа сили на овој последен турнир за овој дел од натпреварувачката година да дадат се’ од себе и да постигнат одлични резултати.

Севкупно овие резултати ни го донесоа второто екипно место на турнирот и тоа само поради што сите клубови од Србија настапуваа под едно име – Тим Србија кои поради тоа го освоија првото место.

Од „Хваранг Фист“ испраќаат голема благодарност до сите родители кои ги поддржуваат и се со нив цело време и до Етно ресторанот „Дедо Димо“ во Куратица, за поддршката на овој турнир. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука