Охрид, 25. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Ноќта помеѓу 24-ти и 25-ти јуни 2023 година, во периодот од 22:00 до 04:00 часот, извршени се засилени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид.
– Притоа, полициските службеници затекнале 11 возачи, кои управувале моторни возила под дејство на алкохол, од кои 6 во Охрид, 1 во Струга и по 2 во Кичево и Дебар. Тие се веднаш исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 20