ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода на булевар „Туристичка“ (Фото)

Охрид, 26. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајна незгода се случи утрово, нешто по 07:00 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид.

До овој момент нема потврдени информации за причините кои доведоа до незгодата во која е причинета поголема материјална штета. Истата се случи кај кружниот тек, наспроти маркетот на „Тамаро“ и „Пентекс“.

Од СВР Охрид е извршен увид на лице место и најавија повеќе информации во текот на денешниот ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука