Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Дејан Кулушевски со уште неколку светски познати фудбалски ѕвезди се одмара во охридското село Орман

Охрид, 26. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Шведскиот фудбалски репрезентативец, Дејан Кулушевски, кој е роден во Стокхолм, но има македонско потекло, деновиве е на одмор во Охрид, родниот крај на неговите родители.

Кулушевски кој е стандарден првотимец на англискиот фудбалски гигант „Тотенхем“, заедено со уште неколку познати фудбалери, меѓу кои неколку играчи на „Стохлолм“ како и фудбалерот на „Брајтон“, Јасин Ајари се во охридското село Орман, на гости кај дедото на Кулушевски.

Самиот Кулушевски и неговите другари велат дека мошне убаво се чувствуваат во Охрид, дека уживаат во доброто јадење и доброто друштво, како и дека градот и околината се прекрасно место за одмор по напорните натпревари. (Крај)

извор: ПлусИнфо фото: ПлусИнфо

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука