Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

ЈП „Градски гробишта“: Редовно се грижиме за хигиената, ниско е да се користи Духовден кога има голема посетеност за да се „мери” чистотата

Охрид, 26. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Неосновано, немилосрдно, но и дрско е да се зборува за уреденоста и чистотата на охридските градски гробишта, кои што години наназад го носеле, а со максимална работа и посветеност ќе продолжат да го носат епитетот на најчисти, најсредени и најдобро уредени градски гробишта во Република Македонија, реагираат од ЈП „Градски гробишта“ од Охрид на изнесеното во последниот допис до медиумите од ОО на СДСМ од Охрид.

– Раководството на јавното претпријатие, заедно со целокупната оператива, редовно и максимално се грижи за хигиената во градските гробишта и навистина е жалосно и ниско да се користат ситуации како Духовден кога посетеноста на градските гробишта се брои во десетици илјадници луѓе или невремето од изминатиот викенд кое беше од невидени размери, за да се „мери” чистотата. Факт и вистина е дека гробиштата секогаш
се одржуваат во најдобра уреденост како пред христијанските, така и пред муслиманските празници, за што говори и моменталната акција за косење, метење, чистење и средување на муслиманскиот дел од гробиштата во пресрет на празникот Курбан Бајрам, потенцираат од Јавното претпријатие.

Додаваат дека редовно ги извршуваат и остваруваат работите пропишани во годишниот план и програма за работа и после година која беше финансиски тешка за ја изминатата и Јавното претпријатие, го поминува
второто тромесечие од 2023 година со зголемен обем на работа и позитивна разлика.

– Со максимална посветеност и желба за поуспешни и подобри резултати, отворени за соработка, но и за критики и сугестии продолжуваме чесно и посветено за зачувување на достоинството на градските гробишта, потенцираат од ЈП „Градски гробишта“ Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука