Избор Македонија Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Непознати сторители оштетиле камион на жител на Велешта на автопатот „Пријателство“, фрлале камења од мостот во Романовце

Струга, 26. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти јуни 2023 година, во 01:00 часот во СВР Куманово, 25-годишниот Ф.И. од струшкото село Велешта, пријавил дека на 24-ти јуни 2023 година, во 22:40 часот додека се движел по автопат „Пријателство“ со товарно моторно возило марка „МАН“ со струшки регистарски таблици, поточно под мостот во селото Романовце, неколку лица од мостот фрлале камења и тврди предмети со што го оштетиле неговото возило.

– Пријавителот се оддалечил од местото и настанот го пријавил во СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука