ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ

Радев за нештата да станат појасни: Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија е само прелиминарен услов и не ги исцрпува условите што треба да се исполнат!

Софија, 26. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Бугарскиот претседател Румен Радев во писмо до европските лидери и институции се жали на усвоената резолуција на германскиот Бундестаг како и на однесувањето на ЕУ спрема европските аспирации на Македонија.

Тој го критикува ставот во резолуцијата на Бундестагот со кој се повикува Бугарија да не поставува дополнителни услови за прием на Македонија во ЕУ, јави порталот сдк.мк.

Радев предупредува дека вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија бил „само прелиминарен услов за почеток на преговорите за членство. Но тоа не ги исцрпува условите што треба да се исполнат. Радев дури е загрижен дека и други земји имаат намера да донесат слични резолуции за македонскиот јазик и идентитет како онаа на германскиот Бундестаг.

Писмото на Радев е поради изјавата на шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, дека нема пречка за пристапување на Македонија во ЕУ и дека билатералните прашања не треба да бидат обврзувачки за напредокот на земјава кон Унијата.

Радев вели дека дека македонските власти не исполнувале ништо од она што било договорено со усвојувањето на преговарачката рамка лани во јули. Меѓутоа, не споменува ниту еден збор за однесувањето на официјалните бугарски органи. (Крај)

извор: сдк.мк фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука