Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Гостиварчанец физички нападнал жител на Поградец во Охрид

Охрид, 27. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 26-ти јуни 2023 година, во 21:40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, лицето И.О од Гостивар го нарушило јавниот ред и мир и со метален предмет го нападнало 31-годишниот Р.М. од Поградец, Република Албанија.

– Притоа, оштетено е возило „Голф“ сопственост на К.К.од Охрид. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука