Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Пријавен пожар во возило на улицата „7-ми ноември“ во Охрид

Охрид, 27. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 27-ми јуни 2023 година, во 01:30 часот, во СВР Охрид пријавено е дека на улицата „7-ми ноември“ во Охрид настанал пожар во патничко возило марка „Фиат Пунто“ со охридски регистарски ознаки, во сопственост на лицето М.О. од Охрид.

– Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука