Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Eвтината тарифа на струјата се враќа од 1 декември

Скопје, 27. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од 1 декември ја враќаме евтината тарифа за електрична енергија, објави министерот за економија Крешник Бектеши и додаде дека нема да има зголемување на цената на струјата.

Како што денеска објави Регулаторната комисија денеска вкупната цена на електрична енергија од 1 јули во првиот блок се намалува за 7,04%. Вкупната цена на електрична енергија во вториот блок се намалува за 4,09%. Цената на струјата во третиот блок се зголемува за 2,54% и во четвртиот блок за 2,42%. Цените на електричната енергија во евтината тарифа остануваат речиси идентични.

Евтината тарифа на електричната енергија ќе важи од 1 декември од 13:00 до 15:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука