ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Поднесени над 400 барања за надомест на штети од саботното невреме, во најголем број од земјоделци

Охрид, 27. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Заклучно со денес, 27-ми јуни, до Општина Охрид се пристигнати над 400 барања за надомест на штети предизвикани од силното невреме што во саботата го зафати Охрид, информираат за Супер радио и OhridPress од локалната самоуправа.

Во најголем дел поднесените барања се од земјоделци. Што се однесува до структурата на барањата и висината на штетите, тоа ќе се утврдува по завршување на рокот за поденсување барања, односно петок 30-ти јуни.

May be an image of shadbush, stone-fruit tree and devilwood

Барањата се подигаат во архивата на Општина Охрид, а кон барањето задолжително се приложува имотен лист и лична карта. Потоа комисија ќе излезе на терен да изврши проценка. Настанати штети може да се пријават само за недвижен имот и за земјоделски култури. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука