Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Во КИЦ „Култура 365“ се одржа комеморативен настан по повод 28 години од смртта на А. ден Доолаард

Охрид, 27. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, во просториите на КИЦ „Култура 365“ се одржа комеморативен настан по повод 28 години од смртта на познатиот холандски писател А. ден Доолаард.

– Настанот беше од отворен карактер за сите домашни и странски посетители. Во текот на вечерта се разговараше за ликот и делото на писателот и неговиот придонес за туризмот во Македонија, информираат од КИЦ „Култура 365“.

Домаќинот Крсте Пурцов изјави дека е ова веќе трета година како се организира овoј настан и дека полека станува традиција на која секоја година присуствуваат се’ повеќе гости.

На настанот покрај домашните и посетителите од Холандија присуствуваа и гости од Канада, Англија, Германија, Турција, Шпанија, Белгија и Чиле. Со овој настан почнуваат низа настани од културно информативен карактер како и промоции на различни домашни и странски автори.

Музејот на А. ден Доолаард почнува да работи и со закажани посети во текот на целото лето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука