Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

ТАВ Македонија на аеродромите во Охрид и Скопје во мај опслужи 282.919 патници и 2.087 летови

Охрид, 27. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во мај 2023 година, ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром „Скопје“ и Aеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид опслужи вкупно 282.919 патници и 2.087 летови.

– Бројот на опслужени патници во мај ги надмина бројките од 2022 година за 49%, додека бројот на летови во мај 2023 е за 14% поголем од мај во 2022 година, информираат од ТАВ Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука