Економија Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Се поставува завршен слој асфалт на улицата „Марко Цепенков“

Охрид, 27. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Започна поставувањето на завршниот слој асфалт на улицата „Марко Цепенков“ во Охрид.

– Асфалт се поставува во должина од 430 метри и ширина од 10,5 метри. Претходно на улицата се постави атмосферска канализација и се уредија партерно тротоарските површини. Сега улицата „Марко Цепенков“ е побезбедна за сите учесници во сообраќајот и доби нов и современ лик, информираат од охридската локална самоуправа.

Вкупната вредност на реконструкцијата изнесува 15.000.000 денари, од кои 5.000.000 денари за поставување на атмосферска канализација се одвоени од буџетот на Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука