Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Приведен жител на Албанија поради незаконит риболов во Охридското Езеро

Охрид, 27. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Регионалниот центар за граѓански работи Запад поднесе кривична пријава против 28-годишниот E.M. од Република Албанија, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“.

– На 23-ти јуни 2023 година, околу 06:00 часот при езерска контрола на Охридско Езеро, полициски службеници кај пријавениот пронашле алат за риболов и незаконски улов на риба – охридска пастрмка, по што од судија за претходна постапка му е одредена мерка притвор, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука