Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Приведен 21-годишен државјанин на Турција кој ја прескокнал оградата и неовластено влегол во резиденција во Охрид

Охрид, 28. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 27-ми јуни 2023 година, во 12:50 часот во СВР Охрид е приведен 21-годишниот К.М.С. од Република Турција.

– Тој претходно, со прескокнување на метална ограда, неовластено влегол во резиденцијален објект на крајбрежниот појас на Охридското Езеро, постапувајќи спротивно на наредба за забранет пристап. Него му е одземена патната исправа и со соодветен поднесок е предаден во Основниот суд во Охрид, за натамошна постапка, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука