Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Теквондо клубот „Хва Ранг ИТФ” најтрофеен на Меѓународниот натпревар „Охрид Опен 2023“

Охрид, 28. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Mеѓународен Таеквондо ИТФ натпревар по највисоки стандарди „Охрид Опен 2023“ организираше викендов клубот „Хва Ранг ИТФ” од Лескоец.

Учество зедоа околу 200 натпреварувачи од 24 клубови од Чешка, Хрватска, Босна И херцеговина, Србија, Бугарија, Албанија и Македонија.

Организацијата беше на највисоко ниво, направивме натпревар што ретко некој во Македонија може да се пофали дека направил таква организација, со што се гордееме читајќи ги коментарите од гостите на турнирот и од сите очевидци, вели Марјанчо Лазаревски, претседател на Македонската традиционална таеквондо Федерација.

– Овoј натпревар го организиравме по сите највисоки светски ИТФ стандарди, со електронски судиски ситем, со можност за видео протест, за кој беше лично задолжен Антон Аркхипов, кој е специјален асистент на претседателот на ИТФ, заштитник за сите податоци. Изразувам благодарност на нашиот генерален спонзор „ПН Метал”, кој е најзаслужен што стигнавме до овој степен да можеме да организираме натпревар од ваков калибар. Благодарност и до Општина Охрид и Агенцијата за млади спорт, која со признавањето на нашиот спорт, почна да ги вреднува нашите успеси и да ни помага, вели Лазаревски.

Со освоени 3 пехари за најдобри поединци, 9 златни, 12 сребрени и 21 бронзени медали, клубот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец беше најтрофеен. За најдобари клубови на натпреварот беа избрани: прво место Тим Србија, второ „Хваранг Фист“ од Охрид и трето место за „Српски Соко“, од Зворник, Босна и Херцеговина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Охрид Опен

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука