ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Уште една сообраќајка на патниот правец Охрид-Струга, се судрија возило и моторцикл

Охрид, 28. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајна незгода се случи попладнево, нешто по 16:00 часот на регионалниот патен правец Р1208, односно стариот пат Охрид-Струга, каде по последните измени е пренасочен сообрачајот на потегот од Подмоље до Охрид.

Според првичните информации, во незгодата учествуваа патничко возило и моторцикл, а во истата е причинета поголема материјална штета. До овој момент нема потврдени информации за повредени лица.

Сообраќајот се одвива отежнато, а на терен излегоа екипи на СВР Охрид.

Од неодамна, поради реконструкција на патниот правец Подмоље-Охрид, сообраќајот се одвива по стариот пат Охрид-Струга, што предизвика големи реакции во јавноста, пред се’ поради безбедноста на овој патен правец. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука