ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

Отежнат сообраќајот на патниот правец Охрид-Струга, повторно голема колона и нервозни возачи (Фото)

Охрид, 28. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Читатели на OhridPress јавуваат дека е отежнат сообраќајот на патниот правец Охрид-Струга.

Повторно е направена голема колона, што резултира со бројни поплаки од граѓаните.

– Со мали деца сме на над 30 степени Целзиусови во автомобилите. Само стоиме, не знаеме што се случува, стои во дописот до OhridPress.

Од неодамна, поради реконструкција на патниот правец Подмоље-Охрид, сообраќајот се одвива по стариот пат Охрид-Струга, што предизвика големи реакции во јавноста, пред се’ поради безбедноста на овој патен правец. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука