Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Уреден охридскиот Скејт парк, комплетно е подготвен за летната сезона (Фото)

Охрид, 28. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Одговорните од локалните јавни претпријатија го уважија апелот од младите скејтери од Охрид, кои преку допис до Супер радио и OhridPress, неодамна апелираа да се среди Скејт паркот, кој се наоѓа кај пешачката патека, после мостот кај „Студенчишта“.

– Тоа ни е едно од омилените места за забава, а доаѓаат луѓе од цела држава, но и целиот свет. Апелираме до одговорните да се исчисти, затоа што е полно со ѓубре и кал. Сега возиме по патеката, но поради топлото време, сега има се’ повеќе луѓе и не би сакале да се случи нешто несакано. Не го личи ова убаво место вака валкано, посебно пред сезона, порачуваа во дописот.

Паркот од денеска е исчистен, осветлен и комплетно подготвен за младите, кои уживаат во овој вид адреналински спорт и забава.

Охридскиот Скејт парк е лоциран во непосредна близина на плажата „Куба Либре“. Се изгради во 2009 година со помош на охридскиот Ротари клуб и локалната самоуправа.

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука