ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Млади скејтери од Охрид апелираат да се среди Скејт паркот: Полн е со ѓубре и кал, не го личи пред сезоната (Фото/Видео)

Охрид, 21. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Млади скејтери од Охрид, преку допис до Супер радио и OhridPress, апелираат да се среди Скејт паркот, кој се наоѓа кај пешачката патека, после мостот кај „Студенчишта“.

– Тоа ни е едно од омилените места за забава, а доаѓаат луѓе од цела држава, но и целиот свет. Апелираме до одговорните да се исчисти, затоа што е полно со ѓубре и кал. Сега возиме по патеката, но поради топлото време, сега има се’ повеќе луѓе и не би сакале да се случи нешто несакано. Не го личи ова убаво место вака валкано, посебно пред сезона, порачуваат во дописот.

Охридскиот Скејт парк е лоциран во непосредна близина на плажата „Куба Либре“. Се изгради во 2009 година со помош на охридскиот Ротари клуб и локалната самоуправа.

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука