Економија Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Марина Кљајиќ Петковски по третманите во „Валео“: По 7 или 8 терапија, повеќе не се сеќавав каде ми беше болката во рамото

Охрид, 4. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Марина Кљајиќ Петковски, вработена и мајка на три деца беше добитничка на мајскиот супер GIVEAWAY на Центарот за физикална терапија „Валео“ од Охрид.

Наградата замина во вистински раце, затоа што таа во тој период имаше голема болка поради шилци во десното рамо. Таа освои 10 третмани физикална/shockwave терапија, вредни над 20.000 денари.

Задоволството кај двете страни беше огромно, кога по половина од третманите, болката исчезна и Марина започна сосема нормално да живее и да ги извршува секојдневните обврски.

– Како мајка на три деца и вработена жена, мојата физичка благосостојба е неопходна. Од моментот кога почнав да се соочувам со шилци во десното рамо, мојот живот се претвори во пекол. Минуваа месеци, а мојата болка растеше и мојата фрустрација се зголемуваше. Покрај болките и непроспиените ноќи, не можев да ги извршувам најосновните работи со десната рака. Еден ден, додека имав болки, „скролав“ на Instagram и забележав дека од „Валео“ имаат наградна игра. Учествував и имав среќа – јас бев среќниот добитник. Веднаш се јавив, закажав преглед и добив 10 терапии после кои се чувствувам како нова жена, вели Марина.

Таа додава дека после овие третмани со Shockwave терапија, болката станала минато за неа.

– Се сеќавам дека после седмата или осмата терапија, дојдов и им кажав дека повеќе не се сеќавам каде беше лоцирана болката во рамото. Во моментов се чувствувам одлично. Можам да си ги извршувам без проблем секојдневните домашни и работни обврски, немам потреба да земам никакви лекови и навистина сум пресреќна и преблагодарна. Доколку и вие се соочувате со болки во рамото и шилци, најтопло Ви препорачувам да се обратите во Центарот за физикална терапија „Валео“ во Охрид. Решението ќе го најдете загарантирано, порачува Марина.

Од „Валео“ порачуваат дека за нив, ваквите успешни приказни се дополнителна мотивација да продолжат понатаму да вложуваат во опрема, едукација и надградба, се’ во насока на давање на подобри услуги.

– Не дозволувајте болката да ве оддалечи од квалитетниот живот. До подобро здравје со клинички докажани методи и техники за физиотерапија. Задоволните пациенти се нашиот најголем успех. Да ја победиме болката заедно, порачуваат од „Валео“.

Центарот се наоѓа на улица „АСНОМ“, во населбата „Бејбунар“, а сите заинтересирани дополнителни информации можат да добијат на телефонот 071/506-818 или на нивната страна на Facebook. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видеo: Be 1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука