Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Нова, енергетски ефикасна фасада добива ООУ „Св. Наум Охридски“ во Пештани

Охрид, 4. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Започна изградбата на енергетски ефикасна фасада на објектот на ООУ „Св. Наум Охридски“ во Пештани.

Како што претходно најавија од Министерството за образование и наука (МОН) за време на летниот распуст, ќе ги интензивираат градежните активности во основните и средните училишта, проект со кој е опфатено и училиштето во селото Пештани.

Изградбата на новата фасада ќе значи подобрување на условите за настава и подигнување на енергетската ефикасност на објектот.

Со буџет на МОН од над 4,5 милиони евра предвидени се реконструктивни активности во 50 училишни објекти во повеќе општини низ државата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука