Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Засилени сообраќајни контроли во Охрид, казни за 4 возачи за пребрзо возење

Охрид, 29. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 28-ми јуни 2023 година, во периодот од 19:00 до 24:00 часот, при спроведени засилени сообраќајни контроли во Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 4 возачи кои надвор од населено место управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената.

– Контролите во патниот сообраќај ќе бидат интензивирани со цел зголемена сообраќајна безбедност и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот, потенцираат пд СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука