Економија Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Дебата „Европеизација на Македонија – дали сме на добар пат“ во Охрид

Охрид, 29. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Утре во кафе барот „Кадмо“ во Охрид, ќе се одржи дебата „Европеизација на Македонија – дали сме на добар пат“.

Обраќања ќе имаат градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков и претседателот на Паневропската Унија на Република Македонија, амбасадорот Андреј Лепавцов.

На дебатата ќе земат учество и амбасадорот и поранешен министер, Марјан Ѓорчев, Ректорот на Американ Колеџ, Марјан Бојаџиев, професорот од Економски факултет, Љубомир Кекеновски, Виктор Мизо од компанијата „Костал“ и претседателот на Ротари клубот „Охрид“, Олег Маленко.

Дебатата ќе се одржи во периодот од 14:00 до 16:00 часот, (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука