Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода кај селото Лактиње, повредено едно лице

Охрид, 29. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридската територијална противпожарна единица (ТППЕ) од Охрид денеска учествуваше во извлекување на повредено лице во сообраќајна незгода на патниот правец Охрид-Кичево, кај селото Лактиње, во Општина Дебрца.

– Пожарникарите имаа потешкотии во движењето на потегот до селото Подмоље, поради пренасочениот сообраќај и неможноста останатите учесници во сообраќајот да му отстапат простор на нашето возило за специјални намени, информираат од ТППЕ Охрид.

Додаваат дека, за среќа повреденото лице било успешно извлечено и транспортирано со итната медицинска помош во најблиската болница. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ТППЕ Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука