ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Курир.рс: Maјката на Коста Кецмановиќ, против која се води истрага, не се упатила кон Грција, туку во Охрид

Охрид, 30. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Мајката на момчето Коста Кецмановиќ, минатиот викенд се обидела да ја премине границата и да ја напушти Србија.

Српски Курир.рс јави дека таа не планирала да ја носи ќерка си на море во Грција, како што се претпоставуваше, туку во Македонија, на Охридското Езеро, пренесе republika.mk.

Мајката на дето била запрена на граничниот премин „Прохор Пчињски“ и од таму била вратена бидејќи истрагата против неа е во тек.

Страшниот масакр се случи неодамна во белградско основно училиште, кога 13-годишниот Коста Кецмановиќ уби осум соученици и училишниот чувар. (Крај)

извор: Курир.рс фото: Курир.рс

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука