Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Од утре забрана за градежни работи во Охрид

Охрид, 30. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од утре стапува на сила забраната за изведување градежни работи од типот висока и ниска градба, прекопувања на улици, тротоари и патеки на подрачјето на Општина Охрид.

Забраната ќе трае до 31-ви август и се однесува на просторот од булевар „Туристичка“ до Охридското Езеро и тоа на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан, просторот над булевар „Туристичка“ во длабочина од 50 метри и туристичките локации на потегот од каналот „Студенчишта“ до манастирскиот комплекс „Св. Наум“.

– Одлуката за забрана за изведување градежни работи во летниот период во Охрид е во согласност со член 62 од Законот за Локална самоуправа и член 83 од Статутот на Oпштина Охрид, потенцираат од охридската локална самоуправа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука