ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

44-годишен скопјанец го загуби животот во Охридското Езеро кај Поградец

Поградец, 30. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Срцев удар најверојатно е причината за смртта на 44-годишниот скопјанец кој го загуби животот во водите на Охридското Езеро, кај Поградец.

Несреќата се случила околу 18:00 часот, во село Удениш, а жртвата е македонски државјанин со иницијали Ј.С. од Скопје, јавуваат албанските медиуми, пренесе infomax.mk.

Од прелиминарното вештачење на телото на починатиот не се констатирани видливи траги на насилство, па сомнежот е дека добил срцев удар.

Истражен тим работи на утврдување на причините за смртта на жителот на Скопје. (Крај)

извор: infomax.mk фото: архива: infomax.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука