Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Тешка сообраќајна незгода кај Врбјани, повредено 58-годишно лице од Кичево

Охрид, 30. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти јуни 2023 година, во 09:30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, после селото Врбајни се случила сообраќајна незгода во која е повердено едно лице.

– Патничко моторно возило марка „Фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од страна на 58-годишниот Б.Р. од Кичево, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука