Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Истекува рокот за пријавување на штети од саботното невреме во Охрид

Охрид, 30. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денес истекува рокот за поднесување барање за надомест на штети до Општина Охрид по силното невреме што на 24-ти овој месец го зафати Охрид.

Во првите два дена од неделава до општината беа пристигнати над 400 барања за надомест на штети, од кои најголем дел беа поднесени од земјоделци. Што се однесува до структурата на барањата и висината на штетите, тоа ќе се утврдува од следната недела.

Барањата се подигаат во архивата на Општина Охрид, а кон барањето задолжително се приложува имотен лист и лична карта. Потоа комисија ќе излезе на терен да изврши проценка. Настанати штети се пријавуваат само за недвижен имот и за земјоделски култури.

Силното невреме што во саботата го зафати Охрид предизвика големи штети кај земјоделските насади, поплавени подрумски простории, гаражи, а речиси секој втор автомобил имаше помала или поголема материјална штета. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука