Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Двајца охриѓани се стекнаа со црн појас во Бразилска ЏиуЏица

Охрид, 3. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Дејан Чолески и Благоја Трајчевски од клубот за Бразилска ЏиуЏица „Д Стронгест“ од Охрид се први охриѓани кои се стекнаа со црн појас во оваа боречка вештина.

Бразилската ЏиуЏица поради ММА и УФЦ зема се поголем замав.

– За да се стекнеш со црн појас во БЏЏ (како се нарекува оваа вештина) потребни се најмалку 10 години активно вежбање. На шега кажано, за помалку време се станува доктор, велат од „Д Стронгест“.

Чолески и Трајчевски до овој успех стигнаа под водство на Претседателот на БЏЏ федерацијата професор Ивица Алексовски и професор Роберт Наумоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука