Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Од денеска се пушта во употреба за редовен сообраќај делницата од клучка „Петља“ до Подмоље

Охрид, 5. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска ќе биде пуштена во употреба за редовен сообраќај делницата од магистралниот пат Охрид-Кичево, на потегот од сообраќајната клучка „Петља“ до Подмоље.

– Истата, поради градежни работи, од минатиот месец, беше затворена за сообраќај. Со тоа престанува да важи задолжителниот времен режим за сообраќај и задолжителното пренасочување на сообраќајот по стариот пат Охрид-Струга, информираат од СВР Охрид од каде апелираат до возачите на внимателно управување со своите моторни возила и прилагодување на брзината спрема состојбите и условите на патот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука