Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Прв „Ракија базар“ во Охрид на 8-ми јули

Охрид, 5. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – В сабота, на 8-ми јули кај Долна Порта ќе се одржи првиот „Ракија базар“ во Охрид во организација на здружението Македонски Дестилерии.

Најавено е учество на над 25 семејни дестилерии со преку 50 етикети на квалитетни ракии, вињаци, ликери… Сите излагачи – дестилерии се регистрирани во регистерот на производители.

Со оглед дека голем дел од дестилериите се и регистрирани семејни винарии, предвидена е дегустација и на вина.

„Ракија базарот“ ќе започне во 16:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука