Избор Локална самоуправа

Јавна анкета и презентација на локална урбанистичко-планска документација за ЛУПД за формирање на градежна парцела на дел од КП 487/1, КО Долно Лакочереј ВГР и КП 6483/10, КО Охрид 4 со намена В5 – верски институции

Охрид, 5. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 05/02) и член 34 од статут на општина Охрид („Сл. Гласник на општина Охрид“ бр. 08/07 и 01/08), а во врска со член 46 став (9) и член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр. 199/14 , 44/15, 193/15, 31/16, 163/16 и 64/18) и член 95 став(1) од Законот за урбанистичко планирање(„Сл. весник на РСМ“ бр. 32/20), Градоначалникот на општина Охрид, објавува соопштение за Јавна анкета и Јавна презентација на локална урбанистичко-планска документација за ЛУПД за формирање на градежна парцела на дел од КП 487/1, КО Долно Лакочереј ВГР и КП 6483/10, КО Охрид 4 со намена В5 – верски институции.

Се организира Јавна анкета и Јавна презентација за ЛУПД за формирање на градежна парцела на дел од КП 487/1, КО Долно Лакочереј вгр и КП 6483/10, КО Охрид 4 со намена В5 – верски институции, Општина Охрид, со техн. бр. 09/20 jули 2023 година, изработен од Друштво за просторно и урбанистичко планирање „Полог Проект-Про“ ДОО Гостивар.

Планскиот опфат за ЛУПД за формирање на градежна парцела на дел од КП 487/1, КО Долно Лакочереј вгр и КП 6483/10, КО Охрид 4 со намена В5 – верски институции, Општина Охрид со површина од 0,22 ха, во рамки на катастарските парцели: На северо-западната страна, границата започнува од замислениот пресек на КП 1141/5 со 1141/6 на делот према локалниот пат за царинскиот терминал и оди кон југо по границите на КП 1141/5 и 1141/64 се до пресекот со КП бр 1141/2, свртува кон југо-исток по границата на катастарските парцели 1141/5, 1141/2 и 1141/3 и оди се до пресекот на КП 1141/5 со 1142, свртува на северо-исток по границата на катастарските патцели 1141/5 и 1142 и оди се до завршетокот на КП 1141/5, свртувакон северо-запад по границите на КП 1141/5 и оди се до замислениот пресек КП 1141/5 со 1141/6, каде што и започнува.

Јавната анкета ќе трае од 05.07.2023 -11.07.2023 година.

Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 10.07.2023 год. со почеток во 10:00 часот. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 12:00 до 14:00 часот во просториите на општина Охрид во времетраење на јавната анкета. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, може да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган кој е организатор на анкетата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука