Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Поради лошите временски услови Балканскиот фестивал ќе биде отворен во НУЦК „Григор Прличев“

Охрид, 5. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Поради лошите временски услови, вечерашното свечено отворање на 62-то издание на Балканскиот Фестивал на народни песни и игри, со мало задоцнување ќе се оддржи на алтернативната сцена во НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид.

Фестивалот ќе трае до 9-ти јули, а требаше да започне со дефиле на учесниците и целовечерен концерт на ансамблот „Танец“ на сцената Долни сарај.

Предвидени се обраќања на потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Горан Мисовски, градоначалникот на општина Охрид, д-р Кирил Пецаков и директорот на Центарот за култура Горан Симоноски.

Во рамки на фестивалот, синоќа во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“, беше отворена изложбата „Од Љубанишча до Дебор” од колекцијата на Љупчо Милошески.

На годинашното издание покрај ансамбли од Македонија, ќе насатапат и фолклорни групи од Словенија, Полска и од Чикаго, САД.

И овојпат на најстарата фолклорна манифестација на Балканот ќе се афирмираат културните достоинства на народите. Програмските придобивки, квалитетот на презентацијата на фолклорниот материјал и можноста тој да биде отворена сцена за кумуникација на културите на народите придонесе овој фестивал да биде застапен во каталогот на УНЕСКО на најзначајни фолкорни манифестации во светот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука